ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Слога 1934 Виница останува на врвот во Истокот, следуваат три дерби пресметки за Прва лига!

Фудбалерите на Слога 1934 од Виница ја играат историски најдобрата сезона и по 24 одиграни кола се наоѓаат на врвот од табелата со 54 освоени бодови. Виничани под водство на Никола Кузманов силно атакуваат на историски директен влез во Првата македонска фудбалска лига.

Revolution Development е софтверска компанија посветена на развој на врвни решенија за бизниси

Три кола, три екипи, и две места кои водат во Прва лига, од кој првото директно, а второто преку бараж. Слога 1934 е лидер со 54 бодови, пред Беласица и Победа кои со по 53 бодови ја делат втората позиција.

Слога 1934 го има најтешкиот распоред до крајот од сезоната. Веќе следното коло на домашен терен ја очекува дерби пресметка со Каменица Саса која ги загуби сите можни шанси за Прва лига. Потоа следува нова дерби пресметка во Струмица против Беласица и во последното коло моменталниот лидер во Виница ќе ја пречека Победа од Прилеп во меч кој може да биде и одлучувачки за тоа кој ќе патува директно во Прва лига.

„Овие момци и управата го заслужуваат толку посакуваното прво место и влезот во Првата лига а со нив и цела Виница“, велат од Слога 1934 за Спортска Мрежа.

Во однос на распоредот на трите конкуренти за Прва лига, Беласица веќе во следното коло ќе игра против Победа во директна пресметка на „Гоце Делчев“ во Прилеп, потоа доаѓа дерби пресметката со Слога 1934 во Струмица, а сезоната момците на Александар Стојанов ќе ја затворат во Гевгелија кај Кожуф.

ЗА СИТЕ ГОЛМАНИ НА ВОЗРАСТ ОД 7 ДО 19 ГОДИНИ – ПРИЈАВИ СЕ НА НАЈГОЛЕМИОТ ГОЛМАНСКИ КАМП НА БАЛКАНОТ – „РБ Охрид 2022“

Во однос пак на распоредот на Победа, прилепчани како што кажавме во следното коло ќе играат против Беласица на домашен терен, потоа уште еден меч ќе одиграат на домашен терен против Пехчево и во последното коло Победа ќе гостува во Виница каде ќе игра решавачка дерби пресметка против моменталниот лидер Слога 1934.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!