ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Слога 1934 Виница на незгодно гостување во Гевгелија, Победа гостува во Радовиш

Денес се играат натпреварите од 17. коло од Втората лига – Исток. Каменица Саса на домашен терен ќе го пречека Братство од Житоше во меч каде домаќинот ќе биде голем фаворит. Саса со нов триумф ќе продолжи да го напаѓа врвот каде разликата е само еден бод, а пак од друга страна за Братство денешниот натпревар ќе значи се или ништо во битката за опстанок.

Слога 1934 Виница денес ќе има незгодно гостување во Гевгелија кај Кожуф. Трите бодови ќе бидат императив и за двете екипи кои имаат различни цели. Домаќинот води борба за директен опстанок и трите бодови се повеќе од потребни, додека пак гостите од Виница доаѓаат по трите бодови со цел да го продолжат патот кон Првата лига.

Пехчево и Осогово ќе одиграат дерби натпревар во Штип за директен опстанок. Трите бодови и на оваа средба ќе им бидат императив и на двете екипи кои се борат да го задржат второлигашкиот статус. Двете екипи имаат ист број на бодови на табелата, со по 19 бодови го делат шестото место.

Беласица на домашен терен ќе биде апсолутен фаворит против „фенерџијата“ Локомотива од Градско. Лидерот Победа ќе има незгодно во Радовиш кај Детонит каде ќе гледаме еден интересен натпревар меѓу екипа која се бори за Прва лига и екипа која се бори за директен опстанок во Втора лига.

Сите натпревари ќе започнат во 14:00 часот.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!