Европски ФудбалФудбал

Следната недела одлука за кариерата на Ериксен во Интер

Кристијан Ериксен ќе се врати во Милано следната недела и ќе помине детални лекарски прегледи за да се утврди неговата точна здравствена состојба по срцевиот удар и инсталирањето на дефибрилатор.

Данскиот играч за врска, кој се сруши за време на натпреварот против Финска на Европското првенство, во моментов сè уште има вграден електронски уред што може да му го спаси животот во случај на нови проблеми со срцето. Поради него, тој не може да игра за Интер и други клубови во Италија, бидејќи сите кои имаат вграден дефибрилатор им е забранет контакт со професионален спорт.

Ваква забрана нема во другите лиги.

Ериксен ќе пристигне во клубот следната недела, ќе се сретне со новиот тренер Симоне Инзаги, ќе се поздрави со соиграчите и потоа ќе оди на преглед, пренесува медиумите. Самиот Инзаги вели дека не разговарал со Ериксен за проблемите што го снашле и додава:

Разговаравме пред Европското првенство, сметав на него. Интер заврши добра работа потпишувајќи го Чалханоглу, важен играч. Ериксен има време да се врати, го чекаме со раширени раце.“

Поврзани Наслови

Следен Наслов:
Close
Back to top button
error: Текстот е заштитен !!