ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА
Славе Маркоски и Атдхе Мазари верни на Охрид

Младите фудбалери Славе Маркоски и Атдхе Мазари остануваат во Охрид и за следната сезона од Втората лига – Запад.
Претходно охридскиот второлигаш постигна договор за продолжување на соработкта со Ромео Кочоски, Александар Бакулески, Никола Симоновски, Ајрадин Цуцули, Љупчо Трпески, додека пак се засили со Мурат Адили, Игор Клечкароски и Сашо Шопоски.
Охрид минатата сезона заврши на второто место на табелата со играше бараж за влез во ПМФЛ против Ренова, но во пенал-рулетот „гипсарите“ имаа повеќе среќа и го задржаа прволигашкиот статус.