ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА
Славчо Георгиевски останува тренер на Скопје, целта е опстанок во ПМФЛ

Тренерот Славчо Георгиевски – Тупан си поднесе оставка од тренер на прволигашот Скопје, по поразот од Македонија ЃП, но управата не ја прифати оставката на тренерот и тој останува на тренерското столче.
Одлуката на раководството е Георгиевски да го води клубот во тешката битка за опстанок во Првата македонска фудбалска лига.
Скопје е на последното место од табелата со 5 освоени бодови и го чека тешка борба за опстанок.