Европски ФудбалФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Шкупи со голема победа над Лапи, во Косово патува со два гола предност!

Македонскиот вицешампион Шкупи на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје со 2:0 го реши Лапи во првото коло од квалификациите за Конференциската лига на УЕФА. Шкупи во Косово ќе патува со предност од два гола и со големи шанси екипата од Чаир да ја помине првата препрека.

Тимот на Гоце Седлоски го отвори резултатот во 35. минута со гол на Кире Маркоски. Конечните 2:0 ги постави Абдул Рватубаје во судиското надополнување на мечот.

Реваншот меѓу Лапи и Шкупи ќе се игра во Косово на 15 јуни, а победникот ќе се соочи со Санта Клара од Португалија.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!