ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Скопско дерби за спас на Вардар, три битки за опстанок!

Денес во 13:00 часот се играат натпреварите од 31. коло од Првата македонска фудбалска лига. До крајот од сезоната остануваат уште само три кола или 270 минути фудбал. Право на грешки нема бидејќи секој бод е важен на овие три жешки кола.

Во Скопје се играат две многу важни дерби натпревари. „Давеникот“ Вардар силно атакува по трите бодови, а шанси за такво нешто има бидејќи Работнички нема притисок и нема можност за третото место. Од друга страна Македонија ЃП ќе гостува кај Шкупи каде исто така ќе има силно атакување по трите бодови од страна на „лавовите“ со цел да го сочуват третото место во борбата за излез кон Европа. Чаирчани немаат притисок, па тоа може да го искористи Македонија ЃП и да ги грабне трите бодови.

Шкендија во Гостивар ќе игра како домаќин против Струга Трим Лум. Трите бодови за стружани многу се потребни во борбата со „лавовите“ за третото место и излез кон Европа. Добра вест за Струга е тоа што Шкендија ќе игра без капитент Бејтулаи поради замор.

Силекс врза две победи, а денес ќе сака и трета со што ќе може да се искаче за две места на табелата доколку триумфира над Борец. Велешани минатото коло конечно запишаа победа откако славеа над Вардар.

Во Битола ќе се соочат Пелистер и Академија Пандев. Двете екипи играат одлична пролет собраа голем број на бодови. Според формата нема изразит фаворит, можеби Пелистер ќе биде во поповолна ситуација бидејќи игра дома. Во секој случај за Академија Пандев бодовите се многу повеќе од потребни, особено доколку Ренова и Вардар денес триумираат и ги обезбедат трите бодови.

Беласица веќе е отпадната во Втора лига – Исток па денес без притисок ќе гостува во Тетово кај Ренова. „Гипсарите“ се фаворити за трите бодови, па доколку сакаат да ги зголемат шансите за опстанок тогаш денес ќе мораат да ги освојат трите бодови. Инаку, Ренова во тековната сезона нема триумф над Беласица. Првата пресметка во Струмица заврши со 1:1 додека втората во Тетово заврши со голема победа за струмичани од 2:4.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!