Скопска пресметка меѓу Вардар и Македонија Ѓорче Петров

Во недела се игра големата скопска пресметка меѓу Вардар и Македонија Ѓорче Петров, во меч од 17. коло од Првата македонска фудбалска лига. Расположените „лавови“ на Националната арена „Тодор Проески“ ќе важат за фаворит за победа, кој се подобра форма во однос на актуелниот првак Вардар.
Вардарци се на осмото место на табелата со 21 освоен бод, а во минатото коло пропуштија голема шансиа за триумф над Шкупи, па на крај мораше да се задоволат со бод. Македонија ЃП игра фантастична сезона и се бори за врвот во ПМФЛ. Во моментот екипата од Ѓорче има 32 бодови и се наоѓа на делба на второто место на табелата со Шкупи и негатива од четири бодови во однос на лидерот Шкендија.
Качевски Јован од Струга ќе ја дели правдата на натпреварот, додека негови помошници ќе бидат Неделкоски Дејан и Василевски Даниел од Скопје. За четврт судија е делегиран Мечкаровски Димитар од Скопје. Делегат на натпреварот ќе биде Донев Тони од Валандово, додека за контролор е одреден Јакимовски Делчо од Скопје.
Натпреварот ќе стартува во 13:00 часот и ќе биде одигран без присуство на публика, согласно мерките и препораките за заштита од Ковид-19.