ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА
Скопје убедлив против Кадино, новото засилување Кировски постигна три гола

Есенскиот шампион од Втората лига – Запад, екипата на Скопје на денешниот контролен натпревар со Кадино запиша убедива победа од 6:1.
Амбициозниот второлигаш кој е на добар пат да се врати во македонската елита, одигра фантастичен натпревар, а новото засилување Христијан Кировски се покажа дека е полн погодок, откако на денешниот натпревар постигна три гола.
Останатите три гола беа дело на Љамалари, Јусуф и Јанакиевски, додека кај Кадино единствениот гол го постигна Благојевски Марио.
Еден Коментар