ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Скопје ја совлада Велешта и му овозможи на Охрид да патува во бараж за ПМФЛ!

Скопје сезоната во Втората лига – Запад ја заврши на врвот од табелата и со тоа го обезбеди враќањето во Првата лига. „Пиратите“ денес на домашен терен со 3:0 беа далеку подобри од Велешта и со тоа му направија услога на Охрид кој ќе игра бараж за влез во Првата лига. Резултатот беше отворен во 11. минута од натпреварот со гол на Филип Јаневски, а шест минути подоцна Мустафа Јусуф донесе двојна предност за Скопје. Конечните 3:0 ги постави Михајлов Јакимоски во судиското надополнување од натпреварот.

Тетекс минимално (1:0) го доби Охрид со гол на Ринор Ајдини. „Штофарите“ со новите три бодови го обезбедија опстанокот во Втора лига – Запад и за следната сезона, додека Охрид ќе игра бараж за ПМФЛ. Кадино на домашен терен одигра 2:2 со фаворитот Гостивар. Гостите со гол на Љавдрим Скендери дојдоа до водство, а четири минути подоцна Дамјан Масевски израмни на 1:1. Во 26. минута Џемаил Есати повторно му донесе водство на Гостивар од 1:2. Во 78. минута Никола Димовски ги постави конечните 2:2.

Голеадата во Боговиње ја доби Кораби кој славеше со 3:4 над Дрита. Сите седум погодоци беа постигнати во вториот дел од натпреварот. Аздрен Мена во 50. минута го отвори резултатот за водство на гостите, а три минути подоцна Мргим Дани ја дуплираше предноста. Во 65. минута Елмир Алији намали на 1:2, а десет минути подоцна Елмир со втор гол донесе израмнување од 2:2. Во 82. минута Бљерон Муча донесе ново водство за Гостивар од 2:3, а пет минути подоцна Елмир пак израмни на 3:3. Во 89. минута Мухарем Мислими си постигна автогол и ги постави конечните 3:4.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!