Скопје и Велешта со триумф, во Кичево и Охрид поделба на бодовите

Денес се одиграа четирите натпревари од Втората лига – Запад од 21. коло.
Велазерими 1:1 Кадино
На Градскиот стадион во Кичево, Велазерими и Кадино одиграа реми со по еден гол (1:1). Домашната екипа прва стигна до водство со гол на Рамадани Аљбин во 16. минута. На пет минути пред крајот на првиот дел Ивановски Кристијан постигна гол за конечни 1:1.
Охрид 1:1 Кораб
Екипата на Охрид на домашен терен ремизираше играјќи 1:1 со Кораб од Дебар. Домаќинот прв дојде во водство до 42. минута со гол на Алији Бурхан. Во 55. минуа Зеќири Рихан израмни на конечните 1:1.
>> ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ВТОРАТА ЛИГА – ЗАПАД ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ <<
Скопје 2:1 Тетекс
Лидерот Скопје стигна до 14-тата сезонска победа откако на „Железарница“ со 2:1 беше подобар противник од Тетекс. Екипата на Скопје сигурно чекори кон враќање во ПМФЛ. Резултатот беше отворен во 17. минута со гол на Кировски Христијан. Во вториот дел домаќинот стартуваше одлично, па во 67. минута со втор гол на Кировски го дуплираше водството. Само една минута беше потребно за гостинот од Тетево да намали на конечните 2:1.
Велешта 2:1 Дрита
Велешта на домашен терен со 2:1 славеше над Дрита и стигна до 11-тата сезонска радост, додека гостинот од Боговиње го запиша 11-тиот сезонски пораз. Резултатот беше отворен во 16. минута со гол на Клечкароски Игор за водство на Велешта од 1:0. Во 30. минута Дрита со погодок на Зеќири Валон израмни на 1:1. Во вториот дел неизвеноста траеше до 72. минута, кога Малески Христијан постигна гол за конечни 2:1.