ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Скопје храбро до бод против Силекс

Денес беше отворено 14. коло од Првата македонска фудблска лига со мечот во Автокоманда, каде Скопје и Силекс го поделија „пленот“ играјќи меч без погодоци (0:0).

„Пиратите“ стигнаа до храбар бод против гостите од Кратово во борбата за опстанок во елитата, а последните минути од натпреварот ги одиграа без играч помалку на теренот, откако Дино Најдоски во 88. минута беше исклучен од игра.

Што се однесува до табелата Силекс е трет со 23 бодови, колку што има и второпласираната Шкендија, која утре на домашен терен игра против Академија Пандев, додека пак Скопје е на дното од табелата со само шест освоени бодови и го очекува тешка борба за опстанок.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!