ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Скопје е нов прволигаш откако го доби Охрид, Гостивар минимално ја совлада Велешта

Скопје на домашен терен го доби дербито со Охрид со резултат од 2:0 и стана нов прволигаш. „Пиратите“ резултатот го отворија во 27. минута со гол на Христијан Кировски. Во 64. минута Иво Јанакиевски ги постави конечните 2:0.

Гостивар со минимални 0:1 го доби дербито со Велешта. Стрелец на единтвениот гол постигнат во судиското надополнување беше Џамаил Есати.

Кадино со високи 3:0 славеше на домашен терен над Кораби во борбата за сигурен опстанок во Втората лига – Запад. Резултатот беше отворен во 20. минута со погодок на Кристијан Ивановски. Во 25. минута Никола Димовски зголеми на 0:2. Нововлезениот Давид Ристовски во 75. минута ги постави конечните 3:0.

Велазерими и Дрита ремизираа во Кичево играјќи 2:2. Домашната екипа уште во 4. минута го отвори резултатот со гол на Албулен Имери. Во 31. минута Ерјон Нуредини донесе 1:1 на полувреме. Велазерими повторно дојде до водство од 2:1 откако Лескароски си постигна автогол. Конечните 2:2 ги постави Шпенд Асани.

ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ВТОРАТА ЛИГА – ЗАПАД ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!