ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Скендери, Шанини и Зендели за посилен Гостивар

Второлигашот Гостивар промовираше нови три фудбалери со кои ќе атакува на прво место и влез во Првата македонска фудбалска лига.

Нови имиња во екипата на Гостивар се 27-годишниот Лавдрим Скендери кој игра во нападот, 21-годишниот крилен дефанзивец Сејди Зендели и 20-годишниот играч од среднито ред Јетон Шанини.

Гостивар есенската полусезона ја заврши на делба на второто место со 30 освоени бодови, а пролетниот дел го отвара на гостински терен против Вардар Форино.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!