ЕУРО 2020Фудбал

Скандалозно: Германците нема да тренираат на „Вембли“

Германските фудбалери нема да можат да тренираат на Вембли ден пред натпреварот со Англија во осминафиналето на Европското првенство.

Како што е објаснето, оваа одлука е донесена затоа што може да има сериозно оштетување на тревникот поради големото количество на врнежи од дожд во Лондон.

Затоа Германците одлучија да направат дополнителен тренинг во својата домашна база во понеделникот наутро, пред да се упатат кон Лондон.

„Билд“ оваа одлука ја нарече скандалозна, со оглед на тоа што им дава предност на Англичаните, кои одиграа три натпревари во групната фаза на „Вембли“.

УЕФА рече дека, иако жалат за оваа одлука, таа не може да се промени и се однесува на сите екипи кои играат натпревари во осминафиналето на Вембли. Се додава дека ниту Италија ниту Австрија немаа тренинг пред саботниот натпревар.

Натпреварот помеѓу Англија и Германија е закажан за во вторник од 18 часот.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!