Европски ФудбалФудбал

Сити со понуда до Кејн, станува втор најскап играч на сите времиња

Хари Кејн на крајот на сезоната јасно стави до знаење дека е време да го напушти Тотенхем.

“Никогаш не реков дека ќе останам во Спарс до крајот на мојата кариера. Некој може да рече дека сум очаен за трофеи. Но, имам чувство дека ми претстои долга кариера, секако седум, осум години на највисоко ниво. Сакам да играм на големи натпревари. На крајот, одлуката треба да ја донесам јас“, рече Кејн тогаш во интервју за англиските медиуми.

Минималната сума за која претседателот на Спарс, Даниел Леви можеше да го продаде, напишаа британските медиуми, 100 милиони фунти. Но, се чини, таа бројка ќе биде многу поголема. Имено, двата клуба кои се први во низата за да го донесат Кејн потекнуваат од ист град. И двата клуба имаат многу пари.

За да ги спречи ривалите од Јунајтед, управата на Манчестер Сити наводно подготвува понуда вредна 160 милиони евра за англиски напаѓач, тврди Николо Шира, познат стручњак за трансфери. Со тоа, Кејн ќе стане втор најскап играч во историјата на фудбалот, зад Нејмар и пред Мбапе.

Покрај тоа, Сити подготвува договор за Кејн до 2024 година со годишна плата од 16 милиони евра.

Во овој момент, Кејн, секако, максимално се фокусира на Европското првенство. Во ваква ситуацијата, Сити брза да го комплетира трансферот пред Јунајтед.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!