Европски ФудбалФудбал

Сити нуди 100 милиони фунти и три ГОЛЕМИ ѕвезди за Кејн

Манчестер Сити врши се поголем притисок врз Тотенхем за конечно да го обезбеди потписот на Хари Кејн.

Актуелниот шампион во Премиер лигата ја испрати најновата понуда од 100 милиони фунти и можноста за избор на една од трите огромни ѕвезди на овој клуб, јавуваат островските медиуми.

Рахим Стерлинг, Ајмерик Лапорте и Габриел Хесус би можеле да бидат вклучени во целата зделка.

Тотенхем ја одби оваа понуда. Сепак, многумина се убедени дека Даниел Леви, сопственикот на овој тим, нема да има голем избор како одминува времето.

27-годишнот Кејн, сака да се пресели од Лондон и не го крие тоа. Пеп Гвардиола го обележа како главна цел по тој повод.

Шпанецот обично го добива она што го сака, а тоа веројатно ќе биде случај и во овој случај. Парите играат витална улога, а „граѓаните“ сака да освојуваат трофеи.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!