Европски ФудбалФудбал

Сити го договори Хари Кејн кој ќе стане втор најскап играч во историјата

Англиските медиуми тврдат дека Хари Кејн е конечно продаден, а првиот човек на Тотенхем, Даниел Леви, според нивните извори, ја прифатил понудата на Манчестер Сити од дури 187 милиони евра.

Звучи скоро нереално за тие 187 милиони евра во овие тешки периоди на пандемија на корона вирусот, Кејн ќе стане вториот најскап фудбалер во историјата. Само Нејмар е поскап од него, за кого ПСЖ плати дури 222 милиони евра отштета на Барселона.

Според првите информации, англискиот напаѓач треба да потпише петгодишен договор со Манчестер Сити, според кој ќе заработува дури 550.000 евра неделно.

Покрај големата плата, за Кејн е многу важно да замине во тим со кој конечно ќе се бори за трофеите што досега ги немаше во кариерата.

Поврзани Наслови

Следен Наслов:
Close
Back to top button
error: Текстот е заштитен !!