Европски ФудбалФудбал

Синиша носи двајца Срби во Болоња

Откако се расчисти прашината дали тој ќе замине и каде, српскиот стручњак Синиша Михајловиќ ќе ја продолжи тренерската кариера таму каде што беше досега, во Болоња. Во разговорот со челниците на клубот, Михајловиќ јасно посочил дека тимот мора да се засили, за да биде поконкурентен во следната сезона.

Според „Газета дело Спорт“, Михајловиќ има намера да донесе двајца фудбалери од српско потекло во Болоња. Репрезентативецот на Австрија, Марко Арнаутовиќ е по вкус на Михајловиќ, исто како и бразилскиот Србин Лијанко Војновиќ.

Кога станува збор за Арнаутовиќ, тој би пристигнал во Болоња како замена за 39-годишниот Паласио, кој и покрај тоа што беше ветеран, минатата сезона одигра 36 натпревари, постигна пет гола и имаше шест асистенции. Што се однесува до Лијанко, тој треба да биде замена за 37-годишниот Данило. Една од пречките може да биде обештетувањето што Торино го одреди за Војновиќ, а тоа не е помалку од 7.000.000 евра.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!