ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА
Симеон Христов ново засилување на Работнички

Напаѓачот Симеон Христов е најновото засилување на прволигашот Работнички. Тој доаѓа од редовите на Тиквеш и ќе го засили нападот на „романтичарите“. Христов треба да го донесе потребното искуство во напаѓачката линија.
>>> ПРОМО ЦЕНА 900 ДЕНАРИ НОЌЕВАЊЕ ЗА ТРОЈЦА ВО ОХРИД, РЕЗЕРВИРАЈТЕ НА КОТВА.МК <<<
Симеон Христов (29) во кариерата има настапувано за Вардар, Пелистер, Брегалница, Тетекс, Еуромилк, Борец, Тиквеш, а на меѓународна сцена играше во Унгарија (Вашаш, Егри), Албанија (Влазнија) и во Мјанмар.