ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА
Силвио Ангеловски ја засили одбраната на Тетекс

Репрезентативецот на аматерската репрезентација на Македонија, Силвио Ангеловски ја засилува одбраната на второлигашот Тетекс.
25-годишниот играч во Тетово доаѓа од редовите на кочанскиот второлигашот Осогово, а во својата кариера Ангеловски има играно за Металург, Вардар, Овче Поле, Кожуф, Еуромилк ГЛ, Македонија Ѓорче Петров, Борец, Каменица Саса, Детонит и последно Осогово.
Тетекс со Ангеловски добива големо искуство во одбраната за пролетните предизвици во Втората лига – Запад, каде ќе води борба за опстанок.