ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Силјановски: Воска Спорт оди на победа на секој натпревар, тетовчани заслужуват да гледаат квалитетен натпревар

Воска Спорт денес гостува во Тетово каде во рамки на 18. коло ќе ги одмери силите со Тетекс. Охриѓани беа во карантин во Скопје пред овој клучен дуел во Тетово.

НАЈДОБРИОТ ИЗБОР ЗА ПРОЗОРЦИ И ВРАТИ ОД ПВЦ ВО „OPEN STIL“ ВО ГОСТИВАР 070/814-428

27-годишниот голман на амбициозниот второлигаш од Охрид, Дејан Силјановски кој е и поранешен голман на Тетекс вели дека Воска Спорт оди на победа на секој натпревар, додава дека тетовчани заслужуваат да гледаат квалитет натпревар.

„Воска Спорт оди на победа на секој натпревар, па така и во денес против Тетекс. Не очекува интересен натпревар во Тетово, во кој нема да го потцениме противникот. Максимално сме подготвени да покажеме квалитетна игра која ќе ни донесе 3 бода, со што ќе го продолжиме континуитетот на успеси како најсериозни претенденти за Првата лига“, вели Силјановски и додава:

„Тетово е градот каде што сум роден и каде сум ги почнал првите чекори во фудбалот. Тетекс е мој поранешен клуб кој има оставено голем белег во макдонскиот фудбал. Како тетовчанец и поранешен голман во Тетекс, тоа за мене е уште повозбудлив натпревар каде во спортска игра ќе го дадам најдоброто што можам. Тетовчани заслужуват да гледаат квалитетен натпревар.“

ВАШАТА РЕКЛАМА НА СПОРТСКА МРЕЖА – КОНТАКТ: 074/241-247

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!