ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Силекс водеше со Колос, но на крај загуби од украинскиот прволигаш!

Кратовски Силекс денес го одигра вториот контролен натпревар во Анталија со украински Колос, каде загуби со 2:1.

Кратовчани први дојдоа до водство во 48. минута со голот на Мустафов. Противникот од Украина во 64. минута преку Лисенко израмни на 1:1, а со голот на Милко во 82. минута дојде до пресврт на резултатот и победа за украинците.

Сепак, стратегот на македонскиот прволигаш, Горан Симов во 60. минута од натпреварот изврши комплетна смена на првата постава која одигра фантастичен натпревар, со цел да им даде шанса и на останатите фудбалери и да се испробат разни комбинации, бидејќи нормално се работи за пријателски натпревар и подготовки.

Претходно, Силекс загуби на првиот контролен натпревар во Анталија од српски Нови Пазар со минимални 1:0.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!