ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Силекс утре ќе се тестира на Ковид-19, во понеделник ќе „летне“ за Анталија, договорени и контролките

Кратовски Силекс утре ќе се тестира на Ковид-19, а во понеделник ќе „летне“ на припреми во Анталија, Турција каде ќе остане до 1 февруари и ќе одигра неколку пријателски натпревари.

Кратовчани припремите ги започнаа на 18 јануари и се подготвуваат во домашната база во Кратово.

На 20 јануари Силекс ќе игра со Нови Пазар, три дена подоцна треба да се одигра уште една контролка, а противникот доправа ќе биде договорено. На 26 јануари кратовчани ќе се тестираат со Шахтјор Доњецк и тоа два натпревари, претпладне првата екипа, попладне втората екипа. На 30 јануари ќе бидат одиграни уште два натпревари, едниот со Арсенал Тула од Русија, додека вториот натпревар ќе биде исто така со руска екипа од Втора лига.

Силекс во нападот се засили со Србинот Крста Ѓорѓевиќ. 27-годишниот фудбалер во својата кариера има настапувано за Мокра Гора, Радник, Жарково, чешкиот клуб Олимпија, а во Кратово доаѓа од редовите на Бачка. Во Кратово пристигна и искусниот дефанзивец Јордан Серафимовски кој доаѓа од редовите на струмичка Беласица.

Клубот преговара со неколку засилувања кои би требало да бидат официјализирани во следниот период.

Кратовчани есенскиот дел го завршија на осмото место на табелата со 22 бодови во Првата македонска фудбалска лига.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!