ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА
Силекс со убедлив пораз од Нижни Новгород

Кратовски Силекс денес го одигра првиот од двата закажани контролни натпревари во Анталија.
Утринава кратовчани убедливо загубија од Нижни Новгород со резултат од 5:1. Силекс на овој натпревар против рускиот второлигаш играше со комбиниран состав, со цел да може да ги сочува силите за дуелот кој го игра денес во 15:30 часот против Арсенал Тула.
Силекс има една победа на подготовките во Анталија против младинскиот тим на Шахтјор, додека запиша порази од Нови Пазар, Партизан, Колос и првиот тим на Шахтјор.