ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Силекс се засили со српскиот интернационалец Владимир Петровиќ

Прволигашот Силекс денес го претстави српскиот интернационалец Владимир Петровиќ како второ странско засилување. Кратовци моментално се најактивни на трансфер пазарот, па по неколку домашни засилувања, денес беше претставено второто странско засилување.

25-годишниот офанзивен играч за врска во Кратово доаѓа од редовите на Раднички Срем, а во својат акариера има настапува и за Јагодина, Жарково, Земун, Златибор, Металац и Простејов од Чешка. Тој ќе биде големо засилување за Силекс.

Минатата сезона Петровиќ одигра 18 натпервари во Првата српска лига, постигна четири погодоци и запиша една асистенција.

Петровиќ е син на Саша Петровиќ, некогашен напаѓач на Вардар, Тиквеш и Борец, кој остави голем белег во мак фудбалот.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!