ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА
Силекс се засили со дефанзивецот Јордан Серафимовски

Силекс денес се засили со искусниот дефанзивец Јордан Серафимовски. 29-годишниот Серафимовски во Кратово доаѓа од редовите на Беласица, каде долго време на стапуваше за овој клуб, а има настапувано и за струмичка Тиверија.
Серафимовски ја засилува дефанзивната линија на кратовчани, откако од Силекс си заминаа Аднреј Кировски и Христијан Гроздановски кои го засилија Работнички.
Силекс до 18 јануари ќе се подготвува во Кратово, а потоа заминува на подготовки во Анталија, Турција, каде ќе остане до 1 февруари, за каде се планира и неколку пријателски натпревари.
Еден Коментар