ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Силекс пак го „тресна“ Тиквеш, високи победи за Шкендија и Шкупи

Денес беа одиграни петте натпревари од 17. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Шампионот Шкупи иако како домаќин игра во Кичево, нема проблем да нижи победи. Откако на Градскиот стадион во Кичево „гулабите“ со високи 3:1 ја „средија“ Брегалница и во Чаир ќе се вратат со три бода на своето конто.

Шкупи продолжува да прави притисок кон лидерот Струга, додека пак Брегалница е на шестата позиција по поразот во Кичево.

Херера го отвори резултатот за водство на штипските „сини“ во 24. минута, но само десет минути Алварез ја смести топката во противничката мрежа за 1:1 по првите 45 минути. Во вториот дел само седум минути игри беа потребни за Шкупи да направи комплетен пресврт со голот на Трапановски.

Неизвесноста околу трите бодови траеше се до 83. минута кога Пепи Ѓоргиев постигна гол за конечните 3:1 и со тоа ја завери деветата сезонска победа за Шкупи.

Во Прилеп екипите на Победа и Скопје одиграа реми без погодоци (0:0) и со тоа го поделија „пленот“.

Висока победа од 1:3 однесе и Шкендија на гостувањето кај Македонија Ѓорче Петров. Во интересен и возбудлив меч Дориев беше двоен стрелец за тетовчани, а пак Ферхан Хасани беше стрелец на вториот гол, за „лавовите“ единствен стрелец беше Емир Скендери.

Силекс уште еднаш го „тресна“ Тиквеш среде Кавадарци и во Кратово се врати со три бодови. Победата за Силекс беше повеќе од потребна бидејќи со тоа стави крај на резултатската криза, се врати на победите и „гази“ кон обезбедување на „виза“ за Европа.

По првите 45. минути мрежите во Кавадарци мируваа, а во вториот дел Филип Обадовиќ ја стресе мрежата за 0:1 во 72. минута, а девет минути подоцна Марјан Ристовски постигна гол за конечните 0:2.

Академија Пандев запиша нов пораз, откако на тешкото гостување кај Струга Трим Љум „пандевци“ беа поразени со минимални 1:0. Херој за трите бодови на стружани беше Дарко Илиески, кој стрелаше во 70. минута.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ПМФЛ:

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!