Силекс оди кај непоразената Струга, Тиквеш се спрема за Шкендија, Победа и Скопје по први бодови, скопска пресметка

Денес се игра вонредното 5. коло од Првата македонска фудбалска лига каде ќе бидат одиграни вкупно пет натпревари.
Викендица во Горно Коњско со романтичен поглед кон Охридското Езеро
Во Ѓорче се игра скопската пресметка помеѓу Македонија Ѓорче Петров и Работнички, во дерби каде трите бодови се императив и за двете страни. Двете екипи имаат по еден триумф на стартот од сезоната.
Победа и Скопје ќе ги бркаат првите бодови
Прилепска Победа денес гостува кај актуелниот шампион Шкупи, каде прилепчани ќе имаат повеќе од тежок натпревар и многу тешка борба за први бодови во елитата. Шкупи дефинитивно ќе биде фаворит на овој меч, а се освен пораз за Победа би било позитивен исход од тешкото гостување.
Иста судбина има и Скопје, кој денес гостува во Струмица кај Академија Пандев каде ќе ги брка, исто така, првите сезонски бодови. „Пиратите“ од Автокоманда имаат лош старт во новата сезона и нанижаа три последователни порази. „Пандевци“ со два порази, реми и еден триумф имаат четири бодови, а денес ќе важат за фаворити за трите бодови, со кои ќе може да направат прогрес кон врвот од табелата.
Силекс денес ќе гостува кај непоразената Струга Три Љум, каде покрај Охридското Езеро се очекува еден неизвесен и супер одличен меч за сите љубители на мак фудбалот, како и за навивачите на двете екипи.
„Фрути Суп Борд“ – возење низ Охридското езеро со вкусни коктели, музика и диви плажи
Фаворитската улога повеќе од јасно е дека ќе биде на страната на стружани, но Силекс кој како повратник во елитата игра одлично и се наоѓа на второто место на табелата во Струга доаѓа повеќе од мотивиран за изненадување и големи три бодови.
Сите натпревари започнуваат во 16 часот, а екипата на Брегалница е слободна.