ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Силекс назначи нов тренер и спортски директор, пристигнаа и три нови засилувања

Силекс веќе работи на следната сезона за експресно враќање во Првата македонска фудблска лига. Кратовскиот клуб го освои Купот на Македонија и е еден од трите македонски претставници во квалификациите во Конференциската лига на УЕФА.

Пред неколку дена Силекс го назначи Горазд Михајлов за нов тренер, додека пак Стевица Ристиќ е новиот спортски директор на клубот.

Реконструкцијата на тимот започна, па нови играчи на Силекс за следната сезона се Стојан Стојчевски, Дарко Алексовски и Мартин Димовски. Засилувањата тука нема да застанат, се очекува во следниот период клубот да се засили со уште неколку играчи за следната сезона.

Силекс во баражот беше елиминиран од Тиквеш (1:0) и од следната сезона ќе игра во Втората лига – Запад, а сезоната ќе започне средината од месец август.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!