ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Силекс „летна“ за Анталија, договорени и контролни натпревари

Есенскиот шампион во Втората лига – Запад, екипата на Силекс денес „летна“ за Анталија каде ќе ја одработи главната фаза од подготовки.

>>> РЕЗЕРВИРАЈТЕ СМЕСТУВАЊЕ НА ПОНИКВА – КОТВА.МК ВИ НУДИ ОДЛИЧНА ПОНУДА <<<

На турско тло екипата од Кратово ќе одигра и пет контролни натпревари преку кои ќе ја темпира формата за пролетниот дел од сезоната.

Кратовчани во Анталија ќе останат од 27 јануари до 9 февруари, а првиот тест ќе биде против српски Металец кој ќе може да се следи во живо на „Арена Спорт“ каналите, потоа против рускиот второлигаш Торпедо Москва. Трет тест ќе биде Монтана од Бугарија, Мариупул од Украина и Рапид Виена.

Силекс е главен фаворит за експресен кам-бек во елитата, а тимот исто така е полуфиналист во Купот на Македонија.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!