Силекс ја продолжи соработката со Јордан Серафимовски

Искусниот дефанзивец Јордан Серафимовски ја продолжи соработката со Силекс, откако денес потпиша нов едногодишен договор.
31-годишниот струмичанец во Кратово пристигна во јануари 2021 година, од редовите на Беласица, каде долго време настапуваше за струмичката гордност, а во својата кариера има настапувано и за струмичка Тиверија.
Силекс во саботата ги започна подготовките за новата сезона од Првата македонска фудбалска лига, како што веќе претходно објави Спортска Мрежа главната фаза од летните подготовки ќе биде одработена во Охрид, каде ќе бидат одиграни и неколку пријателски натпревари преку кои ќе се темпира формата за новата сезона од ПМФЛ, во која кратовци експресно се вратија.
Викендица во Горно Коњско со романтичен поглед кон Охридското Езеро