ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Силекс ја доби Македонија ЃП со минимален резултат

Силекс продолжува со позитивни резултати во Првата македонска фудбалска лига, откако денес со минимални 0:1 славеше над Македонија Ѓорче Петров, со што беше отворено 7. коло.

Лавовите од 26. минута беа со играч помалку на теренот, откако Стефан Лазаревиќ заработи жолт картон за симулација, а пак три минути подоцна заработи уште еден жолт картон поради спречување на ветувачка акција, со што беше исклучен од игра.

„Лавовите“ добро се држеа, иако беа со играч помалку, а Силекс до водство дојде доцна во вториот дел, кога Дамјан Масевски погоди во 80. минута од мечот за триумф од минимални 0:1.

Силекс со 14 бодови е на второто место, додека пак „лавовите“ имаат само пет бодови и се наоѓаат на осмото место на табелата, а по комплетирањето на колото може да се најдат и во бараж зоната.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!