ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Силекс имаше водство во првиот дел, но сепак загуби од Шахтјор

Кратовски Силекс го загуби денешниот контролен натпревар со украинскиот гигант Шахтјор Доњецк, но одигра солиден натпревар и на полувреме имаше водство од 0:1. Сепак украинската екипа во второ полувреме постигна три гола и дојде до победа од 4:1.

Македонскиот прволигаш пред крајот на првото полувреме со гол на Тантуровски го отвори резултатот и поведе против украинскиот гигант кој редовно учествува во Лигата на шампионите.

Во вториот дел доминираше Шахтјор кој преку Алан Патрик во 55. минута израмни на 1:1, а десет минути подоцна Корниенко постигна гол за водство од 2:1. Степаненко во 69. минута погоди за 3:1, а во судиското продолжение Додо ги постави конечните 4:1.

Во првиот контролен натпревар во Анталија, Силекс загуби од српски Нови Пазар со минимални 1:0.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!