ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Силекс и понатаму на врвот, Воска и Кораб го следат чекорот на непоразениот лидер

Промени на врвот во Втора лига – Запад нема. Силекс останува и понатаму непоразен лидер со 19 бодови. Ланскиот прволигаш во претходното коло одигра 2:2 против Гостивар на домашен терен и успеа да остане непоразен и во Кратово да се врати со важен бод.

Во чекор со непоразениот лидер од Кратово остануваат Воска Спорт и Кораб. Охриѓани направија серија од три последователни победи и избија на втората позиција со 15 бодови, додека пак Кораб кој успеа да извлече голем бод во мечот со Тетекс останува трет на табелата со 14 бодови.

Вардар пополека се стабилизираше и започна да реди победи. Најтрофејниот македонскиот клуб во моментот е на четвртата позиција во второлигашкото друштво на Запад со 11 бодови, а ист број на бодови има и Тетекс кој испушти многу важна победа во Дебар и мораше да се задоволи со бод. Овие две екипи веќе в сабота ги очекува директна пресметка која ќе се одигра во Тетово.

Беса останува надвор од опасната зона односно на шестата позиција со осум бодови, а два помалку има Гостивар кој се искачи на седмото место и се наоѓа во бараж зоната.

Велешта и Кадино ја делат осмата позиција со по пет освоени бодови и се наоѓаат во опасната зона за директно испаѓање во Третата лига, а Охрид и понатаму продолжува да реди порази и останува „забетониран“ на последната позиција со само три освоени бодови.

ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД:

Standings provided by SofaScore LiveScore

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!