ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Силекс и Академија Пандев го поделија „пленот“ во Кратово

Денес беше отворено 4. коло од Првата македонска фудбалска лига со реми во Кратово, каде Силекс и Академија Пандев одиграа 1:1. Во воведниот меч „пленот“ беше поделен, а неизвесноста траеше до последниот судиски свиреж.

Резултатот го отвори Филип Обадовиќ во 37. минута за водство на домаќинот. Радоста траеше само пет минути, кога Кристијан Велиновски постигна погодок за 1:1.

Во вториот дел шанси имаше и кај двете страни, но погодок немаше, односно мрежите мируваа и на двете страни, па така резултатот од 43. минута (1:1) стана конечен.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!