ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Силекс го прегази Вардар со ШЕСТ гола, „црвено-црните“ се поблиску до Втора лига

Силекс денес стигна до многу важна победа во борбата за опстанок во Првата лига откако на домашен терен во Кратово со 6:0 го декласираше Вардар, кој е се поблиску до Втората лига.

Силекс може дури и да жали бидејќи имаше шанси за уште поубедлива победа, а Вардар одигра катастрофален натпревар без никакви посериозни шанси на теренот. Два хет-трика на натпреварот за Србинот Ристов Денис и за Горгиев Пепи.„Црно-црните“ се повеќе тонат во клубскиот фудбал и се поизвесно е дека следната сезона ќе ги гледаме во Втора лига.

Резултатот беше отворен уште во 3. минута од натпреварот со погодокот на Ристов Денис. Силекс продолжи со тоталната доминација на теренот па преку втор гол на Денис зголеми на 2:0. Во првиот дел кратовци имаа неколку големи шанси кои не ги реализираа, па на полувреме заминаа со 2:0 предност. Во вториот дел Денис стигна до хет-трик откако во 53. минута по трет пат капитулираше Илиќ. На сцена стапи Горгиев Пепи кој во 62. минута постигна гол за високи 4:0. Вардар немаше ниту на момент сили да го запре налетот на Силекс, кој веќе во 71. минута со втор гол на Горгиев зголеми на 5:0. Девет минути подоцна и Горгиев стигна до хет-трик и ги постави конечните 6:0.

Силекс сега е на деветото место односно во бараж зоната со 29 бодови, додека Вардар се повеќе и повеќе тоне, па денес е на претпоследното место на табелата во друштво на „фенерџијата“ Беласица со 27 бодови.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!