ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Силекс го доби дуелот со Охрид, Вардар конечно запиша второлигашка победа над Воска Спорт

Силекс со минимални 0:1 го доби дуелот против Охрид во рамки на 3. коло од Втората лига – Запад. Трета победа во низа и три бодови донесе Ѓорги Танушев кој стрелаше во 74. минута од натпреварот.

Вардар ја запиша првата второлигашка победа, откако денес на домашен терен со 2:0 славеше во дуелот над Воска Спорт. „Вардарци“ резултатот го отворија во 41. минута со гол на младиот Никола Наумоски во 41. минута, а во судиското надополнување Кристијан КОстовски ги постави конечните 2:0.

Беса со 0:2 славеше над Гостивар со погодоци на Жоглев и Чиљафи, Кораб на домашен терен забележа минимална победа над Велешта од 1:0 со погодок на Един Мерсовски. Тетекс на домашен терен одигра реми со Кадино (1:1). „Штофарите“ први дојдоа до водство со гол на Димитар Иванов во 76. минута, но шест минути подоцна Христијан Коцев ги постави конечните 1:1.

ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ВТОРАТА ЛИГА – ЗАПАД

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!