ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Силекс е непоразен есенски шампион во Втора лига – Запад

По 15 одиграни кола во есенската полусезона во Втора лига – Запад, екипата на Силекс без ниту еден пораз е есенски шампион. Кратовци кој лани се натпреваруваа во Првата лига се на добар пат за експресен кам бек.

Во текот на цела есенска полусезона Силекс забележа 13 победи и две ремија, па со вкупно 41 бод е на врвот од табелата во Запад, пред двата конкуренти, второпласираната Воска Спорт која има 32 бодови и пред третопласираниот Вардар кој има 29 бодови.

Борбата за првите две места кои водат кон Прва лига продолжува во пролетниот дел, а со најголеми шанси за враќање во елитата е токму Силекс кој има солидна бодовна разлика во однос на двата конкуренти.

Пласман обезедио SofaScore LiveScore

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!