ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Силекс дома игра против Тетекс, Велешта ја чека Воска Спорт

Денес се играат натпреварите од вонредното 14. коло од Втората фудбалска лига – Запад.

Непоразениот лидер Силекс во Кратово ќе го пречека Тетекс. Кратовци играат во одлична форма и не знаат за пораз, сосема очекува е дека фаворитската улога ќе ја имаат против „штофарите“.

Охрид на домашен терен ќе се обиде да се врати на победите против Гостивар. Охриѓани врза две победи и започнаа да фаќат приклучок за опстанок, но потоа следуваше висок пораз во Кратово и реми со Тетекс во Тетово. Гостивар на „Билјанини Извори“ доаѓа во одлична форма која го искачи на средишниот дел од табелата и со силен мотив истата да ја продолжи.

Можеби веќе „отпишаниот“ Кадино на домашен терен ќе игра против Кораби кој не знае за триумф на последните пет натпревари како и домаќинот. Двете екипи се во скоро идентична форма на последните пет натпревари, па очекувањата ќе бидат да гледаме неизвесен натпревар за трите бодови.

Беса ќе брка втора последователна победа против третопласираниот Вардар. Трите бодови се императив и за двете страни. Беса со нов три бодови би имала шанса да излезе од опасната зона, а од друга страна „Вардарци“ после убедливиот триумф над Велешта доаѓаат силно мотивирани за втора последователна победа со што би продолжи да ја напаѓаат второпласираната Воска Спорт.

Велешта која во претходното коло доживеа убедлив пораз од Вардар денес ќе биде домаќин на Воска Спорт и ќе се обиде да забележи позитивен резултат против фаворитот од Охрид.

Сите натпревари стартуваат во 13:00 часот.

Пласман обезедио SofaScore LiveScore

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!