Силекс до голема победа над Македонија ЃП

Кратовски Силекс доаѓа до голема победа над Македонија Ѓорче Петров, откако во Скопје славеше со високи 0:3, во натпревар од 23. коло од Првата лига.
Гостите од Кратово дојдоа први во водство со гол на Тантуровски Дејан, кој ја погоди противничката мрежа во 42. минута за водство од 0:1 на полувреме. Во вториот дел „лавовите“ останаа без играч помалку, откако во 60. минута Филиповски доби црвен картон, па тоа Силекс го искорсти до крајот на натпреварот да постигне два гола.
Во 77. минута Ивановски Иван погоди за 0:2, а четири минути пред крајот Тантуровски постигна втор гол на натпреварот за конечни 0:3.
Силекс со новите три бодови изби пред Академија Пандев и се наоѓа на деветтото место на табелата и има само бод помалку од Вардар кој е во сигурната зона, додека Македонија ЃП останува трета со 38 бодови.
Во следното коло Силекс на домашен терен ќе има тежок натпревар со Шкупи, додека „лавовите“ ќе гостуваат во Тетово кај Ренова.