ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Силекс денес отвара против Работнички во Кратово, „Пандевци“ дома против Брегалница од Штип

Денес ќе бидат одиграни уште два натпревари од првото коло од новата сезона на Првата македонска фудбалска лига.

Повратникот во елитата Силекс ќе биде домаќин на Работнички, а овој меч ќе го суди Јован Качевски од Струга.

Академија Пандев новата сезона ја започнува на домашен терен, каде на стадионот „Младост“ ќе го пречека составот на Брегалница. Главен судија на мечот ќе биде Александар Ставрев од Струмица.

Двата натпревари ќе започнат во 17:30 часот.

Вчера, Струга Трим Љум на домашен терен со убедливи 3:0 ја „потопи“ Победа. Во рамки на 1. коло „лавовите“ ќе бидат слободни, а пак поради европските обврски, дуелите помеѓу Тиквеш и Шкупи се одлага за 7. септември, а пак Шкендија + Скопје за 17. август.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!