
Карадаку вечерва славеше убедливо против Јувентус Серава со 9:6 во последниот меч од есенската полусезона на Првата футсал лига на Македонија.
Шуајб Шукрија е херојот на домашните кој со пет погодоци ги обезбеди трите бодови за домашните, а во листата на стрелци со хет-трик за домашните се запиша капитенот Јасир Зекири, а стрелец на еден погодок беше Сами Аљиљи. Кај гостите Омер Османи и капитенот Осман Мустафа постигнаа по три погодоци.

Во вториот меч екипата на Црна Река со многу мака славеше кај Арбен Бајрами со тесен резултат (7:8).
Кај домашните двојни стрелци беа Харис Омеровиќ и Берат Рамадани, а пак со по еден гол во листата на стрелци се запишаа и Пајтим Реџепи, Арбен Асани и Ибраим Беќир. Кај гостите од Кавадарци Тони Гацев беше херојот со три погодоци кој ги обезбеди трите бодови за Црна Река, а двоен стрелце беше Дарко Темелков, а по еден погодок постигнаа капитенот Лазар Мицев, Миле Димов и Никола Миревски.
Колото ќе биде комплетирано утре во Валандово и Скопје.