Европски ФудбалФудбал

Што значи ова сега ? Лео Меси закажа прес-конференција на „Камп Ноу“

Лионел Меси ја напушта Барселона. Тоа беше веста што експлодираше во текот на неделата, а веќе се зборува за негов трансфер во Пари Сен Жермен, а сега доаѓаат информации дека ќе разговара со медиумите на „Камп Ноу“.

Познатиот новинар Фабрисио Романо на „Твитер“ пишува дека Лионел Меси в недела ќе има прес-конференција. Ќе се види дали се работи за проштална конференција на Аргентинецот или нешто друго.

Се шпекулира дека Меси е во контакт со челниците на Пари Сен Жермен и дека ќе добие официјална понуда за време на викендот. Сепак, многумина веруваат дека приказната за заминувањето на Лео од Барса е само еден вид притисок врз раководството на Ла Лига, чии правила го спречуваат каталонскиот клуб да потпише договор со својот најдобар играч.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!