Европски ФудбалФудбал

Што им вели Клоп на играчите по водството од 4:0 ?

Ливерпул денеска убедливо славеше против Саутемптон со резултат 4:0, а во последно време „црвените“ често успеваат да им дадат на своите ривали четири или повеќе гола.

Така неодамна го победија Арсенал со 4-0, а претходно славеа со 5-0 на „Олд Трафорд“ против својот најлут ривал Манчестер Јунајтед.

Тогаш по само 45 минути беше 4-0 за гостите, а менаџерот на Ливерпул, како што е откриено денеска, побарал од играчите да продолжат со обидите да постигнат што повеќе голови.

“Клоп на полувремето ни кажа дека мораме да дадеме повеќе од нас самите. Пораката беше јасна – треба да се направи повеќе, мора да се направи подобро. Тоа покажува дека сите преземаат одговорност дури и кога не играме добро, без разлика на резултатот во моментот. Ако продолжиме со тој пристап, ќе имаме одлични резултати“, рече Алекс Окслејд-Чембрлен.

Ливерпул моментално е на второто место со 28 бодови и е во одлична форма ако се исклучи поразот од Вест Хем пред две недели.

Тимот во Лигата на шампионите има максимални 15 бодови, додека во Премиер лигата забележа осум победи со четири нерешени и еден пораз. Предничи само Челзи со 29 бода, но и со натпревар помалку, кој утре ќе го пречека Манчестер Јунајтед.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!