Европски ФудбалФудбал

Што е следно за Меси ? Сити и Пеп, ПСЖ веќе преговара, МЛС ?

Лионел Меси нема да ја продолжи кариерата во Барселона. Таа „бомба“ експлодираше во четвртокот, и веднаш се поставува прашањето каде ќе игра Аргентинецот следната есен. Тој нема многу време да одлучи бидејќи клубовите имаат можност да го ангажираат до 1 септември.

„Марка“ тврди дека е првиот фаворит за потпис на Лео Меси е Манчестер Сити. Причината е што Меси добро го познава Пеп Гвардиола, а исто така нема напредок во трансферот на Хари Кејн во редовите на „граѓаните“, па сопствениците од „Емирати“ се подготвени да ја држат торбата за најдобриот во светот. Сити досега не се ни приближи до Меси затоа што отсекогаш го сметале за играч на Барселона.

Истиот весник наведува дека ниту Пари Сен Жермен не се надевал на таква „бомба“ во Каталонија. Сепак, според Фабрицио Роман, „светците“ веќе се во разговори со Лео. Како и да е, проблемот во Париз може да бидат парите бидејќи на ПСЖ му недостасуваат 200 милиони евра. Приоритет е продолжување на договорот со Мбапе и заработка од 180 милиони евра од продажба на играчи. Парижаните веќе потрошија на пазарот со доведување на Ашраф за 70 милиони, додека трансферите на Рамос, Вајналдум и Донарума беа бесплатни, но платите на тие играчи се уште се многу високи.

За МЛС исто така се вели дека е опција, иако нешто помалку реална. Поверојатно е дека Меси ќе избере помеѓу Сити и Пари Сен Жермен, клубови кои се единствените што реално можат да му платат. Идејата за МЛС се појави ако Лео отиде таму за две или три години, но и да го зајакне имиџот на Барселона и шпанскиот фудбал во Америка.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!