Европски ФудбалФудбал

Шпанските медиуми јавуваат дека Пјаниќ одбил да го раскине договорот со Барселона

Шпанските медиуми утрово објавија дека Барселона ќе испрати своевидно писмо со намера до Миралем Пјаниќ, во кое на репрезентативецот на БиХ ќе му биде понудено договорено раскинување на договорот.

Во случај на согласност, Пјаниќ би добил одредена компензација, што сепак би изнесувало помалку пари во случај да го заврши комплетниот договор (дури и ако седеше на клупата во следните три години од договорот).

Но, сега каталонскиот „Мундо Депортиво“ пренесува дека босанскиот играч одбил да го раскине договорот според кој заработува 8,4 милиони евра годишно. Ова значително ги комплицира напорите на Барселона да го намали фондот издвоен за приход на првотимците, пренесува „СЦ Спорт“.

Барса сега ќе се обиде да го продаде Пјаниќ – со тоа што не бара ниту едно евро за него. Заинтересирани сигурно ќе има, но и високата плата на босанскиот фудбалер може да биде проблем за нив.

Поврзани Наслови

Следен Наслов:
Close
Back to top button
error: Текстот е заштитен !!