Шоу на Белица – од три гола негатива до голема победа, Караорман се „лизна“ кај Лирија

Денес се комплетираше 15. коло од Третата лига – Југозапад. Најголемо изненадување во Битола каде „фенерџијата“ Стрела дојде до бод, Белица направи шоу и стигна до голема победа.
Лирија Грнчари 2:2 Караорман
Караорман се „лизна“ на гостување во Грнчари и одигра само 2:2 со Лирија, во воведниот натпревар од 15. коло од Третата лига – Југ. Гостите од Струга први го отворија резултатот во 25. минута со гол на Ќелешоски Ивица. Во 38. минут Поповски Дарко ја стресе мрежата на стружани за 1:1 на полувреме. Во вториот дел Ќелешоски со втор гол во 67. минута донесе ново водство за Караорман. Радостана гостите траше само шест минута, судија Масалковски покажа на белата точка, а Мурати Аљбион успешно реализираше за конечни 2:2.
Октиси – Македонија Враништа
Во Тефериќ екипите на Октиси и Македонија од Враништа одиграа реми без погодоци (0:0) и ги поделија бодовите.
Кравари 3:2 Црно Буки
Дербито меѓу Кравари и Црно Буки го доби домашната екипа со 3:2. Интересен и неизвесен натпревар, борба за три бодови со цврсти дуели. Резултатот беше отворен во 18. минута за водство на Кравари со гол на Лазаревски Сашо. Гостите по седум минути игра израмнија на 1:1 со погодок на Велјановски Александар. Само две минути беа потребни за Кравари да го врати водството со гол на Грујовски Антонио. Пред самиот крај на првиот дел, Грујовски со втор гол зголеми на 3:1. Во второто полувреме Црно Буки во 68. минута со втор гол на Велјановски ги постави конечните 3:2.
Дебарца 2:1 Преспа
Во Мороишта екипата на Дебарца забележа победа од 2:1 над Преспа. Гостите од Ресен први дојдо до водство на натпреварот уште во 7. минута со гол на Талевски Илче. Во вториот дел судијата Бафто Фатмир покажа на белата точка за домашната екипа, а Недески Димче успешно реализираше за 1:1 во 57. минута. Три минути подоцна нововлезелниот Балоски Борче постигна гол за водство од 2:1. До крајот на натпреварот немаше промени на резултатот.
>> ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ТРЕТАТА ЛИГА – ЈУГОЗАПАД ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ <<
Сатеска 3:1 Влазними
Екипата на Сатеска во Волино со 3:1 го надигра Влазними и стигна до нова победа и три бодови. Угриноски Никола во 29. минута постигна гол за водство на домашната екипа од 1:0. Во 40. минута Полиси Арди погоди за 1:1 на полувреме. Во вториот дел Сатеска преку гол на Бимбилоски Боге во 68. минута дојде до ново водство од 2:1. Пет минути пред крајот Бимбилоски со втор гол ги постави конечните 3:1.
Белица 4:3 Победа Ивањевци
Белица можеби го одигра и најдобриот натпревар во сезоната, откако на денешниот натпревар губеше со три гола, сепак на крај стигна до голем триумф над Победа од Ивањевци. Гостинската екипа стигна прва до водство со гол на Шарковски Александар во 11. минута, а седум минути подоцна Боневски Горан згоелми на 0:2. Во 36. минута Боневски со втор гол зголеми на 0:3. Во второ полувреме шоу на Белица. Во 56. минута Османи Едиз ја затресе мрежата на противникот за 1:3, а само де минути подоцна Шадов Денис намали на 2:3. Веќе во 62. минута Соколовски Сами постигна гол за 3:3. Во 87. минута судијата Зекмановски Енис покажа на белата точка, а Шадов успешно реализираше за 4:3 и голема победа на Белица.
Стрела 1:1 Новаци
Големо изненадување се случи во Битола, каде „фенерџијата“ Стрела одигра 1:1 со фаворитот Новаци. Двата гола паднаа во првиот дел од натпреварот. Новаци прв дојде до водство во 31. минута со гол на Недановски Владимир, а само три минути подоцна Талевски Сашо ги постави конечните 1:1.
Фламуртари 0:3 Воска (службен резултат)