ОстанатоФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГАФутсал

Шоповски: Под притисок се суди малку потешко, но не треба да паѓаш на притисок на публиката или екипата!

Футсал возбудувањата продолжуваат и во Првата и Втората лига, а сезонава конкуренцијата е значително подигната, особено во Втората футсал лига. Неколку екипи се борат за влез во футсал елитата на Македонија, па го привлекува вниманието на многумина.

Спортска Мрежа разговараше со младиот судија Славче Шоповски од Велес кој суди повеќе од 7 години во двете футсал лиги, како и во Третата македонска фудбалска лига.

30-годишниот судија вели дека има голема љубов кон фудбалот.

„Го сакам фудбалот, сум играл фудбал, напредувам, вложувам во фудбалот околу судењето вложувам, се спремаме напорно, тренираме, тоа ме прави посреќен.“

Шоповски вели дека судењето под притисок е потешко, но додава дека не треба да се паѓа под притисок на публиката или на екипата.

„Се разбира дека под притисок се суди малку потешко. Но, не треба да паѓаш на притисок на публиката или на екипата, треба да си сконцентриран максимално и да си судиш по правило и прописи на Фудбалата федерација на Македонија. Се разбира дека има притисоци, пак ќе се навратам не треба да паѓаш под влијание на притисокот, секогаш и секаде ќе има. Такви ситуации или така кажано кој губи има право да се лути (низ шала коментира Шоповски).“

Фер плеј на натпреварот скоро секогаш има, а Шоповски додава дека судиите треба да бидат не приметливи на теренот.

„Секако дека има фер плеј на натпреварите скоро секогаш е така, треба ние самите судии да го направиме натпреварот да биде фер плеј. Едноставно да не бидеме приметливи на теренот. Пак ќе се навратам не викам дека и ние судиите не грешиме, грешиме луѓе сме, се случува да згрешиме. Но, околу клубовите можам да кажам дека преку медиумите, видеата или ТВ каналите само собираат поени или некои од медиумите се во сопственост на некој клуб.“

За крај од разговорот Шоповски даде свој коментар во однос на Втората футсал лига и конкуренцијата.

„За крај сакам да кажам дека во Втората футсал лига сезонава е малку поконкурентна во однос на претходната. Имаме четири до пет екипи кои се конкурентни за прво место. Кеги Моби, Конзули, Астибо, Форца, Клими, па и Мал Ајакс можам да кажам како поискусни екипи што играле во Прва лига. Но, некако Кеги Моби оваа година ми изгледаат за добор организирана екипа, имаат играчи коишто лани настапуваа во Прва лига и истите се доста потковани. До крајот има уште 18 кола, интересно ќе биде првенството“, вели Шоповски за Спортска Мрежа и додава:

„Што се однесува до Првата футсал лига можам да кажам дека Шкупи и Проект атакуваат кон првото место. Во првото дерби Шкупи минимално го доби Проект на домашен терен, Сепак неизвесноста останува до крај, двете екипи се многу добро потковани. Во Шкупи ги имаме Зоран Левески, тука е и голманот Иван Стојановски – Шваба, Исмет Цека но и цела екипа има искусни играчи, на другата страна Антони Петровски, Дарко Ранготов, Димче Андов, Мартин Тодоровски, Александар Михајлов, Драган Петровиќ, Иван Крстески, Влатко Петровски кои се искусни фудбалери и се дел од македонската репрезентација. Двете екипи се далеку поквалитетни и одвојуваат од другите екипи во Првата футсал лига“, го завршува разговорот Шоповски.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!