Европски ФудбалФудбал

ШОКАНТНИ ВЕСТИ пред големото финале: Манчестер Сити продава две големи ѕвезди !?

Во пресрет на големото финале во Лигата на шампионите помеѓу Манчестер Сити и Челзи, во англиските медиуми се појавија интересни вести.

Имено, според англиски медиуми се наведува дека две големи ѕвезди на Манчестер Сити би можеле да бидат на продажба ова лето. Тоа се Рахим Стерлин и Ријад Марез.

Стерлинг го загуби местото во почетниот состав во тимот на Пеп Гвардиола на крајот од сезоната, а се наведува дека клубот би бил подготвен да ги слуша понудите за 26-годишниот фудбалер. Марез исто така може да биде жртвуван и покрај одличната форма во последните неколку недели, а Арсенал покажа интерес и за обајцата.

Она што е многу сомнително во целата приказна е дали тимот од Лондон може да си дозволи вакви трансфери. Микел Артета соработуваше со двајцата како помошник на Гвардиола и добро ги познава, но финансиите може да бидат проблем, како и отсуството на европскиот фудбал во редовите на „Топџиите“.

Интересот на Реал Мадрид и Барселона за Стерлинг изгледа многу пореален, а Сити би ги искористил парите од неговата продажба за да го купи Џек Грилиш, за кого наводно се подготвени да понудат дури 100 милиони фунти. Исто така, тие се во трка да го донесат уште поскапиот Хари Кејн од Тотенхем.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!